İdris Okuducu
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
МОСУЛ (АА) - Силите на Пешмерга во Ирак урнаа едно беспилотно летало на терористичката организација ДЕАШ во регионот Наверан кај Мосул, кој е под контрола на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од екипата на АА во регионот на конфликтите, во североисточниот дел на Мосул каде што се распоредени силите на Пешмерга, идентификувано е беспилотно летало на терористичката организација ДЕАШ и притоа бил отворен оган на него, по што леталото се урнало.
Собореното беспилотно летало беше снимено од страна на екипата на АА.
Со операцијата започната од три страни, во раните утрински часови, сè уште продолжуваат интензивните конфликти меѓу силите на Пешмерга и милитантите на ДЕАШ. Милитантите на ДЕАШ напаѓаат со минофрлачи за да ја задржат доминацијата над регионите што се под нивна контрола, додека силите на Пешмерга продолжуваат да напредуваат со тешко наоружување.
Покрај силите на Пешмерга, во регионот се присутни и коалициските сили предводени од САД.