Muhammed Nuri Erdoğan
27 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
АНКАРА
Во операцијата „Канџа“ на Турските вооружени сили (ТСК), која продолжува во регионот Хакурк, во северен Ирак, неутрализирани се вкупно 72 терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во операцијата „Канџа“, која продолжува во областа Хакурк, во северниот дел на Ирак, неутрализирани се вкупно 72 терористи на ПКК.
- Во регионот Метина неутрализирани уште 4 терористи
Турските сили, во координација со операцијата „Канџа“, реализираа воздушна операција во подрачјето на Метина, во северниот дел на Ирак. Во рамките на операцијата неутрализирани се 4 терористи.