Во падот на азербејџанскиот патнички авион загинаа 38 лица
Во авионот, кој се урна на околу 3 километри од Актау, а летал од Баку кон градот Грозни во Руската Република Чеченија, имало 62 патници и пет члена на екипажот
МОСКВА/ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 38 лица загинаа кога авион на Азербејџан Ерлајнс (АЗАЛ) што патуваше од Баку, главниот град на земјата, кон Русија се урна денес во близина на казахстанскиот град Актау, јавува Анадолу.
Казахстанскиот вицепремиер Канат Бозумбаев на прес-конференцијата во Актау изјави дека во несреќата загинале 38 лица, а 29 се спасени.
Според соопштението на АЗАЛ на Телеграм, во авионот, кој се урна на околу 3 километри од Актау, а летал од Баку кон градот Грозни во Руската Република Чеченија, имало 62 патници и пет члена на екипажот.
Подоцна авиопревозникот ги прекина летовите меѓу Баку и Грозни, како и оние меѓу Баку и градот Махачкала, административен центар на соседниот регион Дагестан.
Казахстанското Министерство за вонредни ситуации во соопштението по несреќата наведе дека 52 припадници на неговиот персонал и 11 единици опрема биле пратени на местото на падот, каде што авионот се запали.
Подоцна Министерството објави дека 150 припадници и 45 единици опрема од службите за итни случаи на Казахстан биле вклучени во акциите за пребарување и спасување.
Портпаролот на Канцеларијата на јавниот обвинител на Азербејџан, Канан Зејналов, претходно на брифингот за новинарите во Баку изјави дека има 32 преживеани.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој ја прекина посетата на рускиот град Санкт Петербург, на средбата со владини претставници рече дека е формирана комисија што ќ