?????
19 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
МОСКВА (АА) - Руските истражители кои прават увид на местото на авионската несреќа во Ростов, во која загинаа 62 лица, ја пронајдоа црната кутија, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот "Boeing 737-800" на компанијата "FlyDubai" превезувал 55 патници, од кој најголем број Руси и седум членови на екипажот со различна националност, кога паднал во рускиот град Ростов, обидувајќи се да слета при силен ветар.
Гласноговорникот на истражниот тим, Владимир Маркин, рече дека истражителите ја пронашле црната кутија со разговоот во кокпитот, а продолжуваат со потрагата по втората кутија која ги забележува параметрите на летот.
Причините за несреќата сè уште не се познати, но официјални лица претпоставуваат дека авионот паднал поради силниот ветар.