Mustafa Deveci
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Во Индија избувна пожар во ресторан кој се наоѓал во поткровјето на една зграда. Во несреќата животот го загубија 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека во Мумбај, кој е познат како центар на трговијата во Индија, во утринските часови избувна пожар од засега непознати причини.
Официјалните претставници објавија дека во ресторан кој е сместен во поткровјето на една четирикатница во центарот на градот, за време на пожарот врз гостите кои се обидувале да го напуштат ресторанот се урнал таванот изработен од бамбус.
Во пожарот животот го загубија 15 лица, повеќето од труење од дим, додека 50 лица се поредени.
Поголемиот дел од лицата кои се наоѓаат на болничко лекување се затруени од дим.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди преку својот профил на социјалните мрежи упати порака во која го изрази своето длабоко жалење за починатите.
Полицијата поведе истрага за сопственикот на ресторанот.