Gamze Türkoğlu Oğuz
20 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Патнички автобус падна во бездна во северниот дел на Индија. Според првичните информации, во несреќата животот го загубија 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Сунил Кумар, претставник на полицијата, информираше дека во сојузната држава Химачал Прадеш, патнички автобус од засега непознати причини паднал во бездна.
Кумар соопшти дека според првичните информации, во несреќата животот го загубиле 25 лица, а 9 се повредени.
Секоја година, во сообраќајни несреќи во Индија животот го губат повеќе од 110.000 лица.