Tayfun Salcı
04 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон, по повод смртта на боксерската легенда Мухамед Али, рече дека Али не беше само шампион во рингот, туку и во областа на цивилизациските права, пренесува Anadolu Agency (AA).
По веста за смртта на легендарниот американски боксер кој почина на возраст од 74 години, се огласи и британскиот премиер Дејвид Камерон.
„Мухамед Али не беше само шампион во рингот, туку и шампион во областа на цивилизираните права. Тој беше пример за многу луѓе", изјави Камерон, напиша Камерон на неговиот профил на Твитер.
По повод смртта на Али се огласи и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.
„Мухамед Али беше мојот херој. Тој беше шампион кој ги рушеше сите пречки пред него", рече Хан.
Мухамед Али беше болен од Паркинсоновата болест, откако престана да се занимава со бокс. Пред два дена бил хоспитализиран поради проблеми со дишењето.