Mohammad Sıo
22 Февруари 2024•Ажурирај: 23 Февруари 2024
ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) - Еден Израелец е убиен, а осум се повредени утринава во пукање во близина на населбата Маале Адумим источно од окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), пренесува Анадолу.
Палестинците отворија оган врз израелски возила, при што убија еден Израелец, а ранија осум други, од кои двајца се во критична состојба, јави израелската државна телевизија КАН.
Доселениците убиле тројца Палестинци поради наводна вмешаност во пукањето, се вели во соопштението.
Напаѓачите го искористија сообраќајниот метеж во областа и отворија оган врз израелските автомобили, додаде КАН.
Телевизијата соопшти дека општината на населбата Маале Адумим побарала жителите да останат во своите домови.
Засега нема коментари од палестинските групи на отпорот за јавувањата.
Инцидентот се случи за време на тековната разорна војна на Израел врз Појасот Газа која трае од 7 октомври, заедно со засилените упади, апсења и убиства на окупираниот Западен Брег.
Израел го окупира Источен Ерусалим (Источен Кудс) за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектира целиот град во 1980 година, во потег што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.