Aydoğan Kalabalık
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ТРИПОЛИ
Милициите кои се дел од вооружените сили од источниот дел на Либија, лојални на Калифа Хафтар изведоа ракетен напад врз Триполи во кој загинаа три деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставници на Министерството за здравство на Владата на национално единство во Либија која е призната од Обединетите нации (ОН), информираа дека во ракетниот напад изведен врз подрачјето Ајн Зара, сместено во јужниот дел на Триполи, животот го загубиле три деца од едно семејство.
Директорот за итни случаи и брза помош соопшти дека телата на починатите тела од нивниот дом се преземени со амбулантни возила.
Друга ракета паднала во местото Баб бин Гашир, во подрачјето на Триполи, погодувајќи возило со кое управувала жена. Жената починала на самото место, а ранети се нејзината ќерка и внука кои се наоѓале во возилото.
Уште од раните утрински часови се интензивираа судирите меѓу милициите на Хафтар и вооружените сили на Владата на национално единство во Либија јужно од гланиот град Триполи.