Burak Dağ
29 Април 2022•Ажурирај: 30 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинската новинарка Вира Хирих, која работеше како продуцент на Радио Слободна Европа, загина во вчерашниот руски напад врз главниот град Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вира Хирих загина откако руски проектил го погоди нејзиниот стан во четвртокот“, јави украинската новинска агенција „Укринформ“.
Најмалку 10 лица се наводно повредени кога неколку проектили погодиле станбена зграда.
Нападот се случи за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на украинските градови Бородјанка, Буча и Ирпин.
Министерството за култура и информации на Украина на 5 април соопшти дека од почетокот на рускиот напад на Украина на 24 февруари, загинале 18 новинари, а 13 биле повредени.
Тројца новинари исчезнаа за време на војната, а 8 новинари, меѓу кои 4 жени, беа киднапирани.
Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН) вчера објави дека најмалку 2.787 цивили загинале, а 3.152 се ранети откако Русија започна војна против Украина на 24 февруари, стравувајќи дека вистинската бројка е многу поголема.
Досега, 7,7 милиони луѓе во Украина се внатрешно раселени, а повеќе од 5,3 милиони пребегале во соседните земји, според Агенцијата за бегалци на ОН.