Servet Günerigök
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Повеќе од половина милион луѓе се заразени со Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД), покажуваат тековните податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Универзитетот кој се наоѓа во американската држава Мериленд изброја синоќа 500.399 потврдени случаи и 18.693 смртни случаи. Има вкупно 28.837 излекувани пациенти.
Првиот смртен случај е пријавен на 29 февруари во сојузната држава Вашингтон.
САД се држава со најголем број заразени во светот, а Италија има најмногу смртни случаи во светски рамки - 18.849.
Според податоците на „Џонс Хопкинс“, во светот има најмалку 1.696.139 потврдени случаи на вирусот, 102.668 смртни случаи и 376.200 закрепнати пациенти.
Ковид-19 е респираторна болест која се манифестира кај оние што се заразени со вирусот.
Најголем дел од луѓето заразени со вирусот покажуваат благи симптоми, но може да биде особено смртоносен за лица со постоечки хронични болести како дијабетес, висок притисок, срцеви заболувања и астма.
Вирусот се појави во кинескиот град Вухан во декември, и се прошири во 200 земји и региони за четири месеци.