Muhammet Nazım Taşcı
06 Март 2023•Ажурирај: 07 Март 2023
ИСЛАМАБАД (АА) - Во самоубиствен напад на полициско возило во пакистанската покраина Белуџистан загинаа девет полицајци, а 11 се повредени, јавува Анадолу.
Локалниот весник „Зора“ објави дека бил извршен самоубиствен напад врз полициско возило на мост во Болан.
Никој сè уште не презеде одговорност за нападот.
Во Пакистан, во текот на последните месеци е зголемен бројот на терористички напади, особено во покраините Хајбер Пахтунхва и Белуџистан.
Исламабад тврди дека овие напади биле планирани и режирани од пакистанските талибанци (ТТП) со седиште во Авганистан. Авганистан ги негира овие обвиненија.
Во самоубиствен напад врз џамија во Пешавар во Пакистан за време на пладневната молитва на 30 јануари убиени се 102 лица, од кои повеќето полицајци.