Medin Halilovic
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
НОВИ ПАЗАР (АА) - Утрово во Сеница е измерена температура од минус 25,6 степени Целзјусеви, потврдија од Метеролошката станица во Сеница, јавува Anadolu Agency.
Во најладното место во поранешна Југославија, исто така во сеничката општина, во Карајукиќеви Бунрари рано утринава беше триесет степени под нулата.
Местото Карајукиќеви бунари се наоѓа на работ на висорамнината Пештер и тука температурите на воздухот се спуштаат и до минус 40. Во тоа подрачје 2005 година измерени се 39,8 степени под нулата. На Пештерската висорамнина температурите се екстремно ниски што е вообичаено за овој период од годината, а во Карајукиќ бунари се случува и по дваесет дена во континуитет температурата да биде помеѓу минус 20 и минус 35 спепени.
Според метереолошките анализи, во Сеничката котлина и на Пештерската висоравнина поради ладниот воздух кој се спушта од околните планини, доаѓа до температурни инвазии, така да многу разладениот воздух се задржува на дното на котлината што предизвикува ниски температури. Во исто време, на околните планити температурите на воздухот се поголеми.
Просечната температура на Сеничко-пештерската висорамнина е минус 6,8 степени Целзјусови, 83 денови во годината темературата изнесува повеќе од 25°C, додека со многу ниска температура (под нулата) има 138 дена.