Ali Cura
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во напад на артилериските батерии на режимот во Сирија загинале четворица руски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Русија се наведува дека нападот на артилериските батерии во Деир ез Зор бил извршен околу полноќ.
„Во нападот на поголем број мобилни терористички групи, на место загинаа двајца руски воени советници“, се додава во соопштението.
Се истакнува дека се хоспитализирани петмина руски војници, но дека и покрај напорите на лекарите, двајца од нив им подлегнале на повредите.