Associated Press
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Врховната изборна комисија на Пакистан, соопшти дека парламентарните избори во таа земја ќе се одржат на 25 јули, оваа година, јавува Anadolu Agency (АA).
Во соопштението се наведува дека и пакистанскиот претседател Мамнун Хусеин го одобрил предложениот датум за избори за нов состав на државниот парламент и парламентите во пакистанските покраини.
Мандатот на актуелниот состав на пакистанското Национално собрание истекува на 31 мај. Ова е трет парламентарен состав во историјата на Пакистан кој останал на должност во текот на целиот петгодишен мандат.
Уставот на Пакистан налага парламентарните избори да се одржат во рок од 60 дена од денот на истекување на мандатот на претходниот состав.
Тоа ќе бидат први парламентарни избори откако Врховниот суд го разреши од должноста поранешниот премиер на Пакистан, Наваз Шариф поради прикривање на пари во странство.
Шариф и понатаму е на чело на политичката партија, а аналитичарите му предвидуваат добар изборен резултат, без оглед на корупциската афера и неговата отворена критика на војската поради нејзиното големо присуство на политичката сцена во Пакистан.