Ala er-Rimavi,Zeynep Tüfekçi
26 Јули 2016•Ажурирај: 27 Јули 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Најмалку 30 лица се повредени во интервенцијата на израелската војска, која се обидела да го спречи одржувањето на протестот на Палестинците во ерусалимскиот кварт Ебу Дис, јавува Agency (AA).
Палестинската Црвена полумесечина јавува дека групата Палестинци се собрале во квартот Ебу Дис со цел да им дадат поддршка на мирните протести на Палестинците што штрајкуваат со глад во израелските затвори.
Истиот извор јавува дека до нередот дошло кога израелската војска интервенирала и со солзавец и гумени куршуми се обидела да ги разбие протестите.
Во нередите се повредени најмалку 30 лица.