Ruslan Rehimov
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
БАКУ (AA) - Еден државјанин на Азербејџан загина откако арменските сили ги гранатираа населените подрачја во судирите во азербејџанско-eрменскиот пограничен појас, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на новинската агенција на Азербејџан (APA), ерменските сили со ракети од втор домет гагаѓе населени подрачја на линијата на фронтот
По нападот на ерменските сили во селото Шерифли, кое му припаѓа на градот Агдам, загина Гарас Дадасов.
Исто така, во нападот на ермеските сили на населените подрачја во местото Тертер ранети се две лица и оштетен е голем број куќи.
Обвинителството на Азербејџан во недела соопшти дека во текот на претходните два дена во нападите на ерменските сили загинаа двајца цивили, додека 10 се ранети од кои и едно дете.
Од Министерството за одбрана на Азербејџан претходно е соопштено дека ерменската војска со топови, минофрлачи и друга тешка артилерија во почетокот на минатиот викенд гаѓаше нивни положби и населени подрачја, на што војската на Азербејџан возврати. Во судирите во пограничното подрачје помеѓу Азербејџан и Ерменија во сабота загинааа 12 азербејџански војници.
Азербејџан на повик на ОБСЕ Минск групата вчера прогласи едностран прекин на огнот со предупредување дека и понатаму ќе одговара на сите провокации и напади од ерменска страна.