Elena Teslova
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека проблемот во Нагорно - Карабах не може да биде решен по воен пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на руската дипломатија во Москва се состана со молдавскиот колега Андреј Галбур кој престојува во официјална посета на Русија, а на заедничката прес - конференција ги коментираше и актуелните тензии во азербејџанско - ерменскиот граничен појас.
Истакнувајќи дека по распламтувањето на судирите Русија реагирала со повик кон Ерменија и Азербејџан на воздржаност и прекин на судирите, Лавров рече дека официјалните Ереван и Баку ги прифатиле тие повици, но дека од тој региот повторно пристигнуваат вести за продолжување на судирите.
“Москва ќе продолжи со своите напори во правец на враќање на спротивставените страни кон мировен процес. Проблемот за Нагорно Карабах не може да биде решен по воен пат. Нема потреба ниту за менување на форматот на ОБСЕ-овата Минск група бидејќи во спротивно сите досегашни напори и постигнувања ќе бидат залудни”, изјави Лавров.
Лавров исто така изјави дека Русија за повторното избивање на судирите во Нагорно - Карабах не осудува ниедна трета земја, вклучувајќи ја и Турција.
Шефот на руската дипломатија го коментираше и прашањето за статусот на Трансднестрија која прогласи еднострана независнот и рече дека тоа прашање мора итно да се реши со почитување и заштита на територијалната целосност на Молдавија.
Од министерството за одбрана на Азербејџан претходно е соопштено дека ерменската војска на почетокот од минатиов викенд со топови, минофрлачи и друга тешка артилерија ги нападнала нивните позиции и населени подрачја, на што азербејџанската војска возврати.
Во судирите на граничното подрачје помеѓу Азербејџан и Ерменија во саботата загинаа 12 азербејџански војници.
Азербејџан на повик на ОБСЕ-овата Минск група вчера прогласи едностран прекин на огнот со предупредување дека и понатаму ќе одговара на сите провокации и напади од ерменска страна.