Seyit Aydoğan
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ТОРОНТО (АА) - Илјадници луѓе демонстрираа во Торонто, Канада, против одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го признае Кудс за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите кои се собраа во близина на Генералниот конзулат на САД во тој град ги извикуваа слоганите „Слободна Палестина “, „Ако нема правда нема ни мир“, „Кудс е главен град на Палестина“ и слично.
Говорниците на собирот истакнаа дека овој потег на Трамп гази многу одлуки на ОН и дека не е во согласност со човековите права и меѓународното право.
Демонстрантите на премиерот на Канада, Џастин Трудо, му порачаа дека неговата честитка за празниците не е доволна и дека сакаат да го видат со нив.
Преземени се високи безбедносни мерки, а во одредени делови на градот беше запрен и сообраќајот.
На протестите можеше да се видат како Канаѓани, така и граѓани со потекло од другите земји. Освен тоа, поддршка пружија и припадниците на неколку религии, партии и организации.
Организаторите на протестите во Торонто најавија демонстрации и во другите канадски градови.
Во Канада, поточно во Монтреал, протести беа одржани и во петокот, кога неколку стотици лица демонстрантрираа против одлуката на Трамп.