Ekip
07 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
ПАРИЗ (АА) - Официјално лице од француските сили за безбедност потврди дека во антитерористичка акција во едно париско преградие и во југоисточна Франција биле уапсени неколку лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Уапсените се сомничат за поготвување можен напад. Официјално лице истакна дека денешните апсења се поттикнати од сомнителни активности на социјалните мрежи кои наведувале на тоа дека се работи за подготовка на напад. Други информации не беа дадени.
Акцијата и понатаму е во тек во регионот Долина Марне, југоисточно од Париз, и на подрачјето Приморски Алпи, кое вклучува дел од француската ривиера и Алпите. Таа следува неколку дена откако стапи на сила новиот Закон за борба против тероризмот, кој е усвоен за да се укине вонредната состојба во земјата воведена по нападот пред две години.