Ömer Tuğrul Çam
13 Септември 2022•Ажурирај: 14 Септември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Со учество на 12 земји членки на НАТО, во Медитеранот се одржува вежбата „Dynamic Mariner/Blue Whale 22“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на НАТО, вежбата за одговор на кризи „Dynamic Mariner“ се спроведува заедно со вежбата „Blue Whale“, што се реализира со учество на 12 сојузнички земји од страна на Турските поморски сили.
Вежбата „Dynamic Mariner“ се спроведува под водство на Сојузничката поморска команда на НАТО (MARCOM) со седиште во Велика Британија.
Вежбата што започна на 11 септември во поморската база „Аксаз“, ќе заврши на 22 септември.
Во вежбата учествуваат Туркије, Белгија, Бугарија, Канада, Франција, Германија, Грција, Италија, Полска, Романија, Шпанија и САД.