Ekipa
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Вооружен напаѓач синоќа отвори оган врз џамија во североисточниот дел на Париз, при што сериозно повреди едно лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џамијата се наоѓа во Ре де Танжер Rue, во 19. административно подрачје на градот, религиозно и културно разновиден дел од главниот град.
„Напаѓачот, којшто носел кацига, го напуштил местото на инцидентот со мотоцикл“, велат локалните извори.
Повреденото лице, кое има 32 години, е однесено во болница со неколку прострелни рани.
Околу 15 лица се наоѓале во џамијата во моментот кога влегол напаѓачот. Не се пријавени случаи на други повредени лица.