Ruslan Rehimov
20 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
БАКУ
Војската на Азербејџан влезе во градот Агдам, кој под окупација на Ерменија беше 27 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, во согласност со договорот за прекинот на огнот кој со посредство на Русија го потпишаа Азебјџан и Ерменија, азербејџанската војска влезе во Агдам.
Околу 77 отсто од вкупната територија на Агдам во 1993 година окупираше војската на Ерменија. Поради окупацијата своите домови тогаш ги напуштија околу 200.000 Азербејџанци.
Центарот на Агдам и околните села по окупацијата се ограбени и срушени, а поголемиот дел од објектите во 1993 година беа претворени во урнатини.
Откако војската на Азербејџан на 27 септември покрена операција со цел ослободување на Нагорно Карабах, од ерменска окупација се ослободени пет градови, четири помали места и 286 села, што доведе до капитулација на Ерменија. Во рамките на Договорот за прекин на огнот, Ерменија се согласи на Азербејџан да им ги врати Агдам, Лацин и Келбецер.