Zehra Ulucak
20 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
ГВАТЕМАЛА (АА) - Поради ерупцијата на вулканот Фуего, во Гватемала, Средна Америка, евакуирани се околу 4.000 жители на тоа подрачје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националната комисија за вонредни состојби потврди дека се евакуирани 3.925 лица.
Гласноговорникот на Националниот центар за борба против природни катастрофи, Дејвид де Леон, соопшти дека е потребно да се евакуираат жителите од осум населени места во близина на вулканот.
Вулканот Фуего е висок 3.763 метри и е еден од најактивните вулкани во Средна Америка.
При неговата ерупција во јуни смртно настрадаа 194 лица, а 234 беа исчезнати.