Amina Zorniç
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
МЕДАН (АА) – Нова ерупција на вулканот Синабунг на островот Суматра, на северниот дел на Индонезија, предизвика внимание кај мештаните на селото кои од околните ридови мирно ја набљудуваат оваа природна појава, јавува Anadolu Agency (AA).
Синабунг повторно се “разбуди” и интензивно исфрла големи количини чад и пепел кои се спојуваат со облаците на небото.
За разлика од изминатите месеци кога Синабунг во повеќе наврати исфрлаше вулканска лава, локалното население овој пат само го набљудува случувањето бидејќи не постои голема опасност.
Синабунг, по 400-годишно мирување, за прв пат се активира летото 2010 година. Оттогаш има еруптирано повеќепати при што стотици лица го загубија животот додека неколку илјади жители беа принудени да се преселат во други краеви.
Научниците веруваат дека овој вулкан е активиран поради низата земјотреси кои во последно време ја погодија Суматра.
Инаку, Индонезија географски е сместена на таканаречениот Пацифички огнен појас каде што доаѓа до судирање на тектонските плочи. На тоа подрачје се наоѓаат најмалку 120 активни вулкани во светот.