свет

Генералниот секретар на НАТО Руте следната недела во посета на Туркије

– НАТО соопшти дека Руте ќе отпатува за Анкара во понеделник, на 25 ноември

Selen Valente Rasquinho  | 22.11.2024 - Обновена : 22.11.2024
Генералниот секретар на НАТО Руте следната недела во посета на Туркије

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ќе ја посети турската престолнина Анкара, каде ќе има средби со официјални претставници, известува Анадолу.

Во соопштението на НАТО се наведува дека Руте ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и министерот за одбрана Јасар Ѓулер во рамките на неговата прва посета на Анкара по преземањето на функцијата.

Се додава дека Руте ќе се сретне и со претставници на турската одбранбена индустрија и ќе ги посети капацитетите на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) и Аниткабир, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Република Туркије.

НАТО објави дека Руте ќе отпатува за Анкара во понеделник на 25 ноември.

Туркије е членка на НАТО од 1952 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın