Selen Temizer
29 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Туркије, пренесува Анадолу.
Столтенберг преку Твитер објави честитка до Ердоган кој, според неофицијалните резултати објавени од страна на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), е реизбран за претседател на Туркије.
„Продолжувајќи да работиме заедно, со нетрпение чекам да се подготвиме за Самитот на НАТО во јули“, напиша Столтенберг.