Diyar Güldoğan
29 Август 2022•Ажурирај: 30 Август 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека следната година ќе биде нова пресвртница во изградбата на голема и моќна Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган упати порака по повод утрешниот национален празник Денот на победата, со кој се одбележува јубилејната 100-годишнина од победата во Војната за независност.
„Триесетти август беше најјасен доказ за тоа што може да постигне и да жртвува турската нација кога е принудена да избира помеѓу заточеништво и слобода“, порача Ердоган.
Тој истакна дека со големата победа е овековечена татковината на турскиот народ, во којашто и денес слободно живее.
„Наредната 2023 година, кога ќе ја прославиме 100-годишнината од основањето на нашата Република, ќе биде нова пресвртница во која ја најавуваме изградбата на голема и моќна Туркије“, рече Ердоган.
Низ цела Туркије утре се одбележува националниот празник Денот на победата. Празникот се одбележува во спомен на Битката кај Думлупинар.
Предводени од војсководецот и основач на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, турските сили пред 100 години забележаа голема победа во Битката кај Думлупинар, последната битка во Војната за независност на Туркије што се водеше од 1919 до 1922 година.