Betül Yürük
14 Ноември 2022•Ажурирај: 15 Ноември 2022
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антионио Гутереш, го осуди бомбашкиот терористички напад во Истанбул, Туркије, во кој загинаа шест лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кабинетот на генералниот секретар на ОН, Гутереш упати сочувство до семејствата и блиските на загинатите во нападот, како и до турската Влада.
Гутереш остро го осуди овој напад во Истанбул, а на повредените им посака брзо закрепнување.
Во вчерашниот бомбашки терористички напад што се случи на улицата Истиклал во Истанбул загинаа 6, а повредени се 81 лице.