Mesut Zeyrek
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ДИСЕЛДОРФ (АА) - Во германскиот град Диселдорф се одржаа протести поради воздушните напади врз населбите во сирискиот град Алепо, којшто се наоѓа под опсада на силите на сирискиот режим, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите собрани на плоштадот во близина на зградата на Парламентот на покраината Северна Рајна Вествалија, изразија незадоволство поради страдањето на невините Сиријци, меѓу кои и голе број деца, и ги осудија западните земји поради неспречување на нападите.
Тие и покрај студеното време два часа протестираа со намера нивниот глас да се слушне.
Демонстрантот Мотасем Џесри изјави дека режимските сили во Алепо со помош на Русија и Иран убиваат невини лица. Се истакнува дека демонстрациите се организирани со цел на Германците и Европјаните да им укажат на големото страдање на луѓето, особено на децата.
„Ги бомбардираат болниците во кои болни и ранети лица примаат терапија, користат хлор и хемиско оружје. Го осудуваме убиецот - режимот на Асад, и сите оние кои му пружаат поддршка” , истакна Џесри и додаде дека западните земји кои мирно го набљудуваат ова крвопролевање се подеднакво виновни како и оние кои учествуваат во нападите.
Сакаат, нагласи Џесри, да ѝ испратат порака на Германија, една од најсилните земји во Европа.
„Таму живеат гладни и жедни луѓе, не можат да најдат лекови. Во Турција се наоѓаат 3,5 милиони бегалци, но не се доволни напорте само на една земја. Ги повикуваме сите западни земји, на чело со Германија и Америка, во името на човештвото да помогнат”, нагласи Џесри.
Се истакнува дека сирискиот претседател Башар ал-Асад нема намера да ја напушти позицијата, бидејќи има поддршка од одредени земји.
„Асад секојдневно убива стотици луѓе. Треба што побрзо да се спречи ова” , рече Џесри.
Азилантот Алами Мухамед, изјави дека руските авиони секојдневно убиваат луѓе.
„Милитантите кои тврдат дека се муслимани, им ги отсекуваат главите на луѓето. Такво нешто не постои во исламот. Спречете го ова насилство” , порача тој.