Associated Press
11 Мај 2023•Ажурирај: 12 Мај 2023
БЕРЛИН (АА) - Во југозападна Германија, вооружен маж денес отвори оган во фабриката на Мерцедес-Бенц, при што уби едно лице, а друго е тешко рането, соопштија властите, пренесува Анадолу.
„Пукањето се случи во Синделфинген, град во близина на Штутгарт. Осомничениот, 53-годишен маж, е приведен“, соопшти портпаролот на обвинителството во Штутгарт.
Новинската агенција „dpa“ објави дека полицијата ги примила првите повици околу 7:45 часот утринава.
Полицијата на Твитер објави дека веќе нема опасност за вработените во фабриката.
Од Мерцедес-Бенц потврдија и дека инцидентот се случил во фабриката во Синделфинген.
Информациите за мотивот на осомничениот не беа веднаш познати.
„Големата фабрика во Синделфинген вработува околу 35.000 работници што ги произведуваат луксузните лимузини од E-класа и С-класа и купеата ЦЛС и ГЛЦ“, се вели на веб-страницата на компанијата.
Во неа се сместени одделенијата за планирање, набавки, развој и дизајн.