Ekipa
19 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
ЕЏВУД (АА) - Американската полиција го уапси осомничениот за вчерашниот оружен напад во американската сојузна држава Мериленд во којшто загинаа три лица, а три се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Вилмингтон, во соседната држава Делавер, соопшти дека осомничениот Раде Принс (37) е уапсен на местото Глазгов, откако се обидел да побегне.
Пукотниците се случија вчера утрото по локално време, во бизнис центарот во Еџвуд, Мериленд, каде што работел Принс.
Осомничениот потоа изгебал во Делавер, каде што се случила друга пукотница.
Американските медиуми пишуваат дека две од ранетите лица се наоѓаат во критична состојба.
Полицијата наведе дека засега не е познат мотивот на осомничениот напаѓач кој ќе биде сослушан во Делавер.