Bedrudin Brlyavac
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Најновите податоци покажуваат дека бегалците Германија, во следните две години, ќе ја чинат 50 милијарди евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Институтот за германска економија (IW) од Келн, Германија во текот на следните две години за бегалците ќе потроши 50 милијарди евра.
„Во 2016 и 2017 година за сместување, грижа и јазични курсеви на бегалците ќе биде потребно да се издвојат околу 50 милијарди евра”, покажа истражувањето на Институтот.
Според ова истражување оваа година за 1,5 милиони бегалци би требало да се издвојат околу 22,6 милијарди, а во 2017 година, кога се очекува пораст на бројот на бегалци на 2,2 милиони, околу 27,6 милијарди евра.
Институтот, исто така, потврди одредени претходни проценки на трошоците за оваа и следната година помеѓу 50 и 55 милијарди евра.