Германија: Петиција за забрана на АфД потпишаа 113 пратеници во Бундестагот
- Поддржувачите на петицијата тврдат дека е можно да се забранат активностите на АфД според член 21 од Уставот, но дека на суд мора да се докаже дека партијата презела дејства спротивни на Уставот.
БЕРЛИН (АА) – Вкупно 113 пратеници потпишаа и доставија до раководството на Бундестагот петиција за забрана на активностите на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), позната по нејзините антиисламски и ксенофобични однесувања, пренесува Анадолу.
Германскиот јавен радиодифузен сервис ЗДФ објави дека иницијативата ја поднел членот на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), Марко Вандервит, а дека со петицијата се бара Федералниот уставен суд да истражи дали АфД дејствува надвор од уставната рамка.
Поддржувачите на петицијата тврдат дека е можно да се забранат активностите на АфД според член 21 од Уставот, но дека на суд мора да се докаже дека партијата АфД преземала агресивни и милитантни дејства спротивни на Уставот.
Федералната канцеларија за заштита на Уставот ја следи АфД како потенцијално екстремно десничарска организација.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.