Ayhan Şimşek
27 Октомври 2025•Ажурирај: 28 Октомври 2025
БЕРЛИН (АА) - Германија ја смета претстојната посета на канцеларот Фридрих Мерц на Турција оваа недела за многу важна, нудејќи можност за дискусија за неколку клучни теми, изјави заменик-портпаролот на Владата денес, јавува Анадолу.
„Оваа посета е навистина многу важна за нас“, изјави заменик-портпаролот на Владата, Штефен Мајер, на прес-конференција во Берлин.
„Турција игра важна улога - не само како сојузник во НАТО, туку и како партнер во дијалогот за многу меѓународни политички прашања“, нагласи тој.
Мајер рече дека ова ќе биде прва посета на канцеларот Мерц на Турција откако ја презеде функцијата во мај.
Тој истакна дека Мерц и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретнале неколку пати на меѓународни собири, а посетата на Анкара в четврток ќе им овозможи на лидерите да ги продолжат тие дискусии.
„Постојат голем број важни билатерални прашања за дискусија, како и клучни прашања од надворешната политика. Руската агресивна војна против Украина сигурно ќе биде една од главните теми, како што беше и на сите неодамнешни патувања на канцеларот“, рече Мајер, без да даде дополнителни детали.