Cüneyt Karadağ
05 Јули 2018•Ажурирај: 06 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската Служба за заштита на уставниот поредок соопшти дека ПЈД и ЈПГ се сириски ограноци на терористичката организација ПКК, која претставува закана за германските национални интереси, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на Службата за заштита на уставниот поредок во германската покраина Шлесвиг-Холштајн на официјалната веб-страница објави извештај во кој на 138 страници се зборува за минатогодишните активности на илегалните и терористичките организации во Германија.
Во извештајот се вели дека сириската организација ПЈД е сестринска организација на ПКК и дека ЈПГ е една од гранките на терористичката организација ПКК во Сирија.
Исто така се наведува дека ПЈД има структури кои одделно работат во Германија, а дека во Киел дејствува организација која е блиска на ПКК.
Германија на листата на терористички организации ја стави ПКК во ноември 1993 година, а во 2002 година истото го направи и Европската Унија.
Истакнувајќи дека ПКК ја гледа Германија како потенцијално засолниште и извор на финансии, во извештајот на Службата се наведува дека оваа организација, заради интересите на своите приврзаници во Европа, се откажала од насилствата, а дека помошта на ПЈД и ја дава со собирање добротворни средства и со протести. Се наведува дека овие активности претставуваат опасност за внатрешната политика на Германија.
Три страници од извештајот се резервирани за терористичката организација ПКК, која, како што се наведува, има најмалку 14.500 приврзаници во Германија. Околу 700 од нив живеат во провинцијата Шлесвинг-Холштајн.
Во извештајот е објавена информацијата дека за интересите на ПКК, во Германија дејствува и невладината организација Центар за демократската курдска заедница (НАВ-ДЕМ).
Истиот извор тврди дека раководството на ПКК за пропагандни активности воспоставило тајна и илегална хиерархија која Германија ја дели на 33 региони.