Abdulselam Durdak
31 Мај 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
ФРАНКФУРТ (АА) - Во Германија, бројот на невработените за мај оваа година е намален за 9.000, а дезонираната стапка на невработеност падна на рекордни 5,7 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Германскиот Завод за вработување (BA) соопшти дека десезонираната стапка на невработеност за мај во Германија е намалена за 9.000, иако очекувањата биле да се оствари пад од 15.000 невработени.
За месец мај, во Германија, десезонираниот број на невработените изнесува 2.536.000, а невработеноста во Германија падна на најниско ниво од обединувањето на оваа земја во 1990 година.
Директорот на Заводот за вработување, Детлеф Шиле, изјави дека ако се земат предвид економските услови, пазарот на работната сила продолжува да следи позитивен тек, што се огледува и во намалувањето на бројот на невработените во последните неколку месеци.