Mesut Zeyrek
12 Март 2021•Ажурирај: 13 Март 2021
КЕЛН (АА) - Во државата Северна Рајна Вестфалија (КРВ), Германија, 6 кандидати за комесари од екстремно десничарски групи се суспендирани од должноста, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На седницата одржана вчера во државниот Парламент на Северна Рајна Вестфалија во Дизелдорф споделени се информации за напредокот на истрагата започната во полицискиот оддел на Северна Рајна Вестфалија за „екстремното десничарство во полициските сили“.
Уве Реичел-Оферман, специјалниот претставник за борба против екстремната десница во полициските сили, истакна дека 6 кандидати за комесари се разрешени и дека во иднина ќе бидат поднесени низа тужби против голем број полицајци, со цел нивно разрешување.
Според споделените информации, вкупно 186 полицајци се обвинети за десничарски екстремизам, од кои 50 се од Есен, 21 од Келн, 25 од Ачен и 14 од Дортмунд.
Меѓу другото, се наведува дека 125 од досега откриените случаи биле за расизам, 95 за пофалба на нацистичкиот период, 66 за антисемитизам, а 62 за насилно однесување.
Со обелоденувањето на некои групи и форуми кои објавуваат расистички и ксенофобични објави, некои од полициските службеници низ целата држава се обвинети дека се членови на екстремно десничарски групи или дека биле во контакт со поединци и групи обвинети за екстремизам.