свет

Германски шпион што работел како дипломат пронајден мртов во Пакистан

Педесет и осумгодишниот германски претставник бил пратен во Исламабад пред три и пол години како втор секретар во германската амбасада, иако всушност бил таен разузнавач

Ekip, Ayhan Şimşek  | 13.01.2025 - Обновена : 13.01.2025
Германски шпион што работел како дипломат пронајден мртов во Пакистан

БЕРЛИН (АА) - Германски дипломат, кој е пронајден мртов во главниот град на Пакистан минатата недела, бил искусен разузнавач, објавија денес медиумите, пренесува Анадолу.

Според германскиот дневен весник „Билд“, Томас Б. бил ветеран, вработен во разузнавачката служба на Германија за странско разузнавање, БНД, а бил познат како експерт за кризните региони.

Педесет и осумгодишниот германски претставник бил пратен во Исламабад пред три и пол години како втор секретар во германската амбасада, иако всушност бил таен разузнавач, објави весникот.

Вработените во амбасадата го откриле мртов во неговиот стан во Исламабад откако два дена отсуствувал од работа. Последна позната комуникација на службеникот е порака на ВатсАп пратена во саботата навечер.

Според пакистанската новинска агенција АПП, во прелиминарните истраги е откриено дека германскиот претставник имал историја на проблеми со срцето, што инспекторите го сметаат за можна причина за смртта. Полицијата соопшти дека ќе ја утврди точната причина по добивањето на извештајот од обдукцијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.