Erbil Başay
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
БЕРЛИН (АА) - Германскиот федерален парламент ја одобри денес нацрт одлуката за испраќање воена помош во Сирија со цел поддршка на меѓународните коалициски сили во борбата против терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Од членовите на Бундестагот, 445 гласаа „за“ испраќање на војници а 146-мина од нив беа „против“, додека седммина беа воздржани.
Германската влада на овонеделната седница ја усвои нацрт одлуката за испраќање на воени елементи во Сирија поради поддршка на коалициските сили во борбата против ДАЕШ. Нацрт одлуката денес ја прифати и Парламентот. Германските сили нема директно да учествуваат во борбите.
Со одлуката се предвидува и испраќање на шест германски извиднички авиони Торнадо, фрегата која ќе го штити францускиот носач Шарл де Гол и еден воен авион за транспорт на гориво.
Во едногодишната мисија ќе бидат ангажирани 1.200 војници.
Членот на Парламентот од Христијанско-демократската унија (CDU) Нурберт Ротген, пред гласањето истакна дека германската воена помош е важна за безбедноста на Германија и Франција.
Ротген додаде дека воената борба против ДАЕШ без политички план ќе биде неуспешна, но дека не е можно да се постигне дипломатски успех без прикажување на постоењето на војската.