Murat Temizer
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Експерт од Блиско-источниот институт од Вашингтон, Зубејр Икбал, изјави дека ниту една земја освен Сирија не купува нафта од терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Икбал во разговорот со новинарот на АА се осврна на тврдењата на Русија дека Турција криумчари нафта од ДАЕШ.
Тој кажа дека точноста на овие тврдења сè уште не е докажана и дека постојат многу слични тврдења за кои нема докази.
„Никој освен сирискиот режим не зема нафта од ДАЕШ, ниту една институција ниту било која официјална организација од некоја земја“, рече Икбал.
Исто така додаде дека криумчарењето нафта надвор од границите не е никаква новост, и дека со години се криумчари нафта од Ирак и Иран.
Експертот од Центарот за европска политика Марко Жули, рече дека ДАЕШ има значителна добивка од продажбата на нафта.
„Трговија со нафта вршат локални криумчари. Мислам дека тоа не може да го спречи една земја туку учеството на сите фактори со тоа што ќе ги контролираат своите граници“, рече Жули.