Ekipa
15 Декември 2022•Ажурирај: 16 Декември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ го проширува производството на муниција во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Погонот за производство на муниција од среден калибар би требало да бидат готови во јануари“, потврдено е за германската новинска агенција ДПА од компанијата „Рајнметал“.
Еден од мотивите зад оваа одлука е ветото на Швајцарија за испорака на муниција за Украина. За извоз на стари залихи муниција за противвоздушни тенкови од типот „Гепард“ е потребно одобрение од швајцарската Влада.
Меѓутоа, Швајцарија се повика на својата неутралност и одби испорака за Украина.
Компанијата „Рајнметал“ укажа на значителната побарувачка за муниција во Германија и празнините создадени од претходната поддршка во оружје за Украина.
Планирано е производството на муниција да започне во јуни 2023 година.
„Рајнметал“ тогаш би бил во позиција да ја испорача првата серија муниција за противвоздушни тенкови од типот „Гепард“ веќе во јули.