Cüneyt Karadağ
01 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
БЕРЛИН (АА) - Германскиот суд денес осуди петмина обвинети до четири години и три месеци затвор поради членување во терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вишиот регионален суд во Штутгарт соопшти дека Вејсел С. е осуден на четири години и три месеци, Агит К. на четири години, Озкан Т. добил тригодишна затворска казна, Еврим А. и Џихан А. на една и пол година поради членство во терористичката организација која е вмешана во грабнувања.
Судот соопшти дека ПКК, „која повеќепати им нанесе зло на цивилите во југоисточна Турција, извршува напади врз турски полицајци и војници. ПКК има за цел да врши убиства преку напади во Турција“.
„ПКК, исто така, има организациски структури во Германија и во другите западноевропски земји. Насочена е и кон собирање средства за организацијата, кон регрутирање приврзаници за ПКК и кон планирање кампањи за влијание врз јавното мислење“, се вели од страна на Судот.
Се додава дека одлуката е отворена за жалба.
Турција континуирано ги повикуваше германските власти да преземат мерки против ПКК, која е забранета во Германија од 1993 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.