БОГОТА
Епидемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.595 лица во Бразил, 460 во Мексико, 357 во Аргентина, 490 во Колумбија, 376 во Перу, 106 во Чиле, 79 во Еквадор, 24 во Боливија, 24 во Гватемала, 83 во Парагвај и 53 во Уругвај.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 2.595 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 403.781.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 68.333, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.659.011.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 13.194.538 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 460 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.821 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 216.907 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.344.755, а досега оздравеа 1.864.914 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 357 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 63.865. Во истиот период детектирани се 22.420 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 2.977.363.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.634.306 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 490 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 73.720.
Во последното деноноќие детектирани се 17.790 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.859.724. Во оваа земја досега оздравеа 2.669.308 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 376 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.661 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.799.445, од кои починаа 61.477 лица, а оздравеа над 1.741.861 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека последното деноноќие починале 106 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 26.353.
Во истиот период регистрирани се нови 7.199 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 1.198.245, а оздравеа вкупно 1.129.347 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 79 смртни случаи, вкупно 18.631 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.173 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 381.862.
Досега во Еквадор оздравеа 318.598 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 24 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.862.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 305.594, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.975. Досега оздравеа 251.664 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, изминатите 24 часа регистрирани се 24 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 7.524. Во истиот период детектирани се 1.424 новозаразени, вкупно 227.671 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 202.843 лица кои претходно биле позитивни на коронавирус.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 83 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 2.212 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 279.077, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 6.385.
Досега оздравеа 229.519 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 53 лица од последици на заразеност со коронавирус, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 2.616.
Во истиот период детектирани се 2.702 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 198.428 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 167.823 заразени со Ковид-19.