Sümeyye Dilara Dinçer
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
АНКАРА
Поради големиот број туристи оштетени се живите суштества на островот Сент Мартин, единствениот корален остров во Бангладеш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Саед Махмуд Белал Хеидер, генерален директор на Океанографскиот истражувачки институт во Бангладеш (BORI), во својата студија истакнува дека во 2018-2021 година, уништувањата наречени „беeлење“ предизвикуваат гребените да се калцифицираат и да ја загубат нивната способност да живеат на островот Сент Мартин.
Хеидер истакна дека за време на шпицот на туристичката сезона, секој ден околу 8.000 туристи го посетуваат островот со 10 брода за крстарење.
Потенцирајќи дека бројот на туристи е далеку над капацитетот на регионот, Хеидер истакна дека на островот, покрај загадувањето со пластика, има бактерии како што се коли, тотален колиформ и фекален колиформ, како и мртви корали.
Мохамед Шах Наваз Човдхури, професор на Универзитетот „Читагонг“, исто така предложи островот да се подели во три категории како што се „островска зона“, „ограничена зона“ и „туристичка зона“, со цел да не се предизвика еколошката штета.
Активистот за животна средина и генерален секретар на еколошкото движење во Бангладеш, Шариф Џамил, нагласи: „Ако не го заштитиме островот, целиот крајбрежен регион во Бангладеш ќе биде загрозен. Владата ќе мора да преземе итни мерки за отстранување на загадувањето во крајбрежниот регион.“