Ayşe Aktaş
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Училиштата во Њу Делхи се затворени до недела поради смогот и големото загадување на воздухот, јавува Anadolu Agency (AA).
Густата магла, предизвикана од големото загадување на воздухот, доведе до голем број сообраќајни несреќи во кои загинаа 13 лица.
Вицепремиерот Маниш Сисодиа на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) напиша дека ситуацијата во индискиот главен град и во околината се влошува, и оти децата и наставниците се испратени на одмор.

Голем број сообраќајни незгоди се регистрирани во северниот дел од земјата, поради загадувањето на воздухот и маглата.
Во јужниот дел на Њу Делхи имаше верижен судир во кој беа повредени шест лица.
Во утринските часови се случи автобуска несреќа меѓу автомобил и автобус, во која девет лица ги загубија животите. Најмалку четири лица загинаа, а четворица се повредени во друга сообраќајна несреќа во подрачјето на Фирозпур.