Haydar Karaalp
07 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
БАСРА (AA) - Група демонстранти упадна и го запали Генералниот конзулат на Иран во Басра, во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, во текот на протестите во Басра, кои започнаа поради лошото јавно управување, невработеноста и корупцијата, во еден момент група демонстранти упадна во Генералниот конзулат на Иран.
Се наведува дека потоа ја запалиле зградата.
Поради протестите кои траат во јужниот ирачки град Басра, од безбедносни причини денеска е затворено пристаништето Ум Каср.
Претставникот на пристаништето од Одделот за царини Мухсин Ради за АА потврди дека влезовите и излезите на пристаништето Ум Каср се затворени.
Гласноговорникот на претпријатието Пристаништа на Ирак Енмар ес-Сафи изјави дека ирачкиот министер за сообраќај Казим Фињан побарал од демонстрантите протестите да не влијаат на функционирање на аеродромите и пристаништата во овој град.
Околу 80 отсто од ирачките нафтни резерви се наоѓаат во градот Басра, а во овој град се наоѓаат четири пристаништа Ал-Макли, Хуз ез-Зубеир, Абу Фалус и Ум Каср.
Жителите на Басра на 8 јули оваа година започнаа со протести поради големата невработеност и лошите услуги во јавните претпријатија.