Furkan Naci Top
11 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
АТИНА (АА) - Лекарите од јавниот сектор во Грција стапија во еднодневен штрајк во знак на протест поради владините мерки на штедење, јавува Anadolu Agency (AA).
Штрајкот и протестот на лекарите и медицинските техничари одржан е на повик на Федерацијата на вработените во државната болница Панхеленик.

Стотици здравствени работници излегоа на улиците на Атина и со демонстративна прошетка пристигнаа до зградата на Владата и Министерството за здравство. Во текот на протестот дојде до тензии помеѓу полицијата и здравствените работници кои носеа транспаренти: „Тргнете ги рацете од нашите плати“ и „Буџет за болниците“.

На овој начин уште еднаш искажаа незадоволство од недоволниот број здравествени работници во јавниот сектор, како и од намалувањето на платите.