Hanife Erdinç
30 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
ЧАНАККАЛЕ (AA) – Во Чанаккале, северозападна Турција, фатени се 33 мигранти кои се обидоа нелегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
АА дознава дека припадниците на крајбрежната стража во текот на патролата во водите кај Ајваџик забележале група мигранти кои со гумен чамец се упатиле кон отворено море.
Крајбрежната стража ја изведе акцијата на две морски милји од копното. Мигрантите, меѓу кои има жени и деца, по потекло се од Сирија, Авганистан и од Сенегал.
На странците на копното им е дадена помош, во вид на храна и облека, а потоа тие се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.