Vesna Besiç
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
АТИНА (АА) - Голем број пензионери денеска се собраа во центарот на Атина за да го изразат своето незадоволство поради намалување на приходите предизвикани од мерките за штедење што се преземаат во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие се собраа на плоштадот „Коѕија“ и со транспаренти во рацете прошетаа до зградата на Министерството за труд и социјална сигурност.

Во мај 2016 година, грчката Влада одобри намалување на пензиите во рамки на реформите на пензискиот систем што ги бараа меѓународните кредитори.
Пензиите во Грција драстично се намалени последниве години, а реформите подразбираат и постепено укинување на предвременото одење во пензија. Исто така, се планира подигање на старосната граница за пензионирање на 67 години.